Челси ги претстави новите дресови: А сите навивачи гледаа само во Азар…


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Белгискиот фудбалер, Еден Азар овие месеци е мета на постојани шпекулации околу евентуното заминување од Челси.

Азар веќе некое време се поврзува со преминување во Реал Мадрид и многумина се сигурни дека тоа на крајот од оваа сезона тоа ќе се случи.

Меѓутоа, навивачите на Челси имаат надеж откако беа објавени нови фотографии за промоцијата на дресот на „Плавите“ за следната сезона. Иако дизајнот воопшто не им се допаѓа на навивачите, тие забележаа нешто друго.

Имено, на фотографијата се наоѓа и Еден Азар поради што многумина помислија дека тој би можел да остане и натаму да биде член на клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Во јавноста се појавија фотографии на играчите на Челси во нови дресови, а покрај Азар тука позираа уште Цезар Аспиликуета и Ампада.