Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот кој во моментов настапува во редовите на Лестер како позајмен фудбалер од Монако, Јури Тилеманс се огласи во јавноста по шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во Манчестер Јунајтед.
22 годишниот белгиски интернационалец потврди дека нема задолжителна откупна клаузула во неговиот договор за позајмица со Лестер и истакна дека се уште не знае каде ќе продолжи.
Оле Гунар Солскјер планира да плати 40 милиони фунти на Монако за да го обезбеди неговиот потпис.
„Уживам секој ден во ЛЕстер и ќе видиме што ќе се случи во летниот преоден рок. Се што можам да кажам е дека го давам максимумот и истото ќе го сторам до крајот на сезоната, а потоа ќе видиме. Нема задолжителна опција за откуп на договорот, па затоа ќе видиме што ќе се случи, сите можности се отворени“ –истакна Тилемас.