Нејмар на сонародник му открил каде сака да ја продолжи кариерата!?


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Ѕвездата на ПСЖ и бразилски репрезентативец, Нејмар е во центар на внимание, откако удри навивач по финалето во францускиот Куп, кој го освои Рен.

Нејмар го очекува жестока казна, а медиумите пишуваат дека би можел да добие суспензија на дури осум натпревари. Тоа значи дека ќе го пропушти крајот на оваа и почетокот на наредната сезона.

Сепак, шпанските новинари утринава открија приказна дека Нејмар наредната сезона нема да игра во Франција, односно неговата желба била да се врати во Шпанија.

„АС“ пишува дека Нејмар на негов соиграч од репрезентацијата, Марсело, му открил дека сака да се пресели во Реал Мадрид, со кој се поврзува веќе долго време.