Вулверхемптон и Вест Хем посакуваат играч на Манчестер Сити

Фудбалерот на Манчестер Сити, Николас Отаменди веројатно ќе ја промени средината по крајот на оваа сезона.

За аргентинскиот стопер постои сериозен интерес од таборите на Вулверхемптон и Вест Хем кои сакаат да го видат во своите редови следната сезона.

За Отаменди постои интерес и од Јувентус, но стоперот би преферирал да остане во Премиер лигата каде би играл стандардно во некој од овие два тима.