Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шампионот на Италија, Јувентус испрати понуда за напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, кој сезонава одигра 33 натпревари и постигна 16 голови и пет асистенции.
Италијанскиот новинар Танкреди Палмери објави дека „Старата дама“ испратила понуда вредна 8,5 милиони евра по сезона плус бонуси за Аргентинецот.
Аргентинскиот напаѓач веќе со месеци се поврзува со заминување од Интер, а како можни дестинации се споменуваа ПСЖ, Атлетико Мадрид и Наполи, но очигледно Икарди сака да се пресели во Јувентус.
Сега е на потег управата на Интер, која е наводно подготвена да го пушти во големиот ривал, но за возврат ќе го бара младиот Мојсе Кин и дополнителни 75 милиони евра.
Претходно се споменуваше и опција во која во Интер би требало да замине Пауло Дибала и 75 милиони евра, но останува на лето да видиме што ќе се случи.