Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голден Стејт вориорс стигна до 2-0 во серијата против Хјустон рокетс. Тие славеа со 115-109, а најмногу внимание во мечот привлече Стеф Кари, кој на почетокот на мечот го скрши прстот.
Меѓутоа, иако тоа изгледаше страшно, сепак Кари не сакаше да го напушти дуелот и постигна 20 поени до крајот на средбата.
Yeah I don’t think fingers are supposed to shapes like that. Stephen Curry is their engine but KD is the best player. pic.twitter.com/2Fs1DMKYhk
— Drake (@driizzy808) May 1, 2019
Голден Стејт од самиот почеток тргна кон победа и веќе по првата четвртина имаа предност од 14 поени, но Хјустон сепак успеа малку да ја намали разликата.
Рокетс во втората четвртина успеаа да стигна и до три поени негатива, но потоа Вориорс успеаа да поведат со 58-49 на полувреме.
Во продолжение ја одржуваа предноста и не му дозволија на противникот да им се приближи, па славеа со високи 115-109.