„Де Лихт никогаш не би сакал да игра во Јунајтед, зашто сме ср*ње од екипа“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одличниот стопер на Ајакс, Матијас де Лихт на само 19 години игра неверојатно, па привлече интерес од сите европски гиганти, а според некои информации, фаворит за неговиот потпис е Барселона.

Со Де Лихт се поврзуваше и Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ тешко ќе стигнат до потписот на фантастичниот стопер, а интересен коментар имаше Арон, синот на легендата на „Олд Трафорд“ Пол Сколс.

Арон на Твитер порача што мисли за моменталниот тим на Јунајтед и не бираше многу зборови, но во истата реченица го пофали и Де Лихт.

„Колку би сакал да го видам Де Лихт во Јунајтед, тоа не би му го посакал. Оди пријателу во Барселона и уживај во кариерата, зашто ние сме ср*ње од екипа“, напиша синот на Сколс.