Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Страшни вести пристигнуваат од Португалија.
Икер Касиљас е во болница, и според информациите имал срцев удар.
Имено, Порто потврди дека славниот голман е во болница, но дека состојбата му е стабилна.
Икер, еден од најголемите голмани во историјата на фудбалот потпиша нов договор до Порто за следната сезона, а истакна и дека ќе брани до 40тите.
Според досега непотврдени вести, Касиљас имал интервенција на срцето и е свесен по операцијата.
Останува да се види, како ќе тече закрепнувањето, вестите говорат дека за среќа на време стигнал во болница.
Касиљас инаку е рекордер во Лигата на шампионите, настапуваше 177 пати во ова натпреварување, освои со Реал и Шпанија буквално се, преку 20 трофеи во кариерата.
Заедно со Буфон се работи за голман кој го одбележа овој век во фудбалот, и избран е пет пати за најдобар голман на светот.
Само да закрепне, остана тотално неважно…