Се огласи Касилјас од болничкиот кревет (Фото)

Веста дека Икер Касилјас претрпел срцев удар вознемири многумина љубители на најважната споредна работа во светот.

Денеска медиумите во Португалија пренесоа дека Касилјас преживеал срцев удар на тренингот на Порто и дека во моментов се наоѓа во болница.

Еден од најдобрите голмани на сите времиња се огласи од болничкиот кревет и упати јасна порака дека за среќа се е под контрола.

„Се е под контрола. Не беше ништо освен голем стрес и уплав. Ви благодарам на сите за убавите честитки“- напиша Касилјас на својот Твитер профил.