Манчестер сити и Јувентус трошат богатство за ѕвездите на Бенфика?!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Манчестер сити планира да ја плати откупната клазула за Жоао Феликс, бисерот на Бенфика, која изнесува неверојатни 120 милони евра.

„Граѓаните“ планираат да го продадат незадоволниот Габриел Жесус и на негово место да го донесат младиот Феликс, кој сезонава сите ги воодушеви со своите настапи.

Интересно е тоа што и Јувентус планира да купува од Бенфика, а тие се заинтересирани за Рубен Диас, откако речиси се сигурни дека нема да може да потпишат со Матијас де Лихт, а Костас Манолас не бил по желба на тренерот Масимилијано Алегри.

Алегри сака квалитетна замена за Џорџо Кјелини, а токму Диас би требало да биде тоа и наводно „Старата дама“ ќе испрати понуда за фудбалерот на Бенфика во наредниот период.