Листа со засилувања на Јувентус – пет офанзивни фудбалери и еден стопер


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Јувентус е еден од клубовите, кои се подготвуваат за летен шопинг, а на радар на „Старата дама“ се наоѓаат многу имиња.

„Тутоспорт“ објави листа со фудбалери, кои Јувентус планира да ги ангажира, а на неа се наоѓаат шест имиња.

Јувентус ги посакува Рабио, Ндомбеле, Иско, Погба, Хамес Родригез, како и Матијас де Лихт, стоперот на Ајакс, кој го посакува и Барселона.

Споменатите фудбалери се мета на многу европски гиганти, па нема да биде лесно да се ангажираат, а се поставува прашањето зошто Јувентус сака да купи толку многу фудбалери за врска, кога веќе е познато дека пристигнува Арон Ремзи од Арсенал.

Очигледно ќе следува целосен ремонт во средината од теренот, но повеќе информации се очекуваат на лето.