Челси нов лидер, први победи за Арсенал и Лестер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Завршени се шест натпревари од 3 коло од англиската Премиер лига кои почнаа во 16 часот. Поголеми изненадувања немаше, а победи остварија претежно тимовите од кои тоа и се очекуваше.

Челси на својот терен рутински славеше против Барнли со 3:0. Сините во водство дојдоа веќе во 9 минута кога погоди Азар, а Вилијам во 41 минута зголеми на 2:0.

Конечните 3:0 ги постави во финишот на натпреварот Мозес, кој погоди во 89 минута. Одлична партија пружи и Арсенал и тоа на гостувањето кај Вотфорд.

Топџиите славеа со 3:1, а прашањето на победникот го решија веќе во првото полувреме. Казорла во 9, Санчез во 40 и Озил во 45 минута погодуваа за високи 3:0, а Переира намали во 57 минута на 3:1.

Повеќе од тоа домаќините не можеа, па Арсенал ја запиша првата победа во сезоната. Прва победа во сезоната запиша и Лестер, кој на Кинг Пауер славеше против Свонси со 2:1.

Варди ги донесе Лисиците во водство во 32 минута, а 20 минути подоцна Морган погоди за 2:0. Веќе во 56 минута домаќините имаа шанса за 3:0, но Марез промаши пенал.

Конечните 2:2 ги постави Фер на десет минути пред крајот.

Евертон на својот терен минимално го совлада Стоук, а несреќен стрелец на единствениот гол беше голманот Гивен,  на кого му е препишан автогол после што Бејнс промаши пенал.

Кристал Палас и Бурнмут ремизираа одигрувајќи 1:1, а со истиот резултат беше и на натпреварот Саутемптоп и Сандерленд.