Навивачите го избраа за најдобар фудбалер, а тој ги изненади сите со неговата реакција (ФОТО)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Крилниот напаѓач на Нотингем Форест, Џо Лоли е во центар на внимание, откако реши да невообичаен начин да се огласи, откако беше избран за фудбалер на годината.

Лоли на својот Твитер профил објави дека е избран за фудбалер на годината од страна на навивачите, а покрај тоа додаде опис, кој ги насмеа неговите фанови.

„Би сакал да кажам благодарам на ниту еден соиграч со оглед на тоа дека ова е индивидуална награда, губитници“, напиша 26-годишниот фудбалер, а неговата објава стана хит за кратко време.

Пред духовниот коментар, сепак на вообичаен начин им се заблагодари на навивачите.

„Им благодарам на сите за поддршката во текот на целата сезона, ова ми значи многу“, напиша Лоли.