Барселона останува дефицитарна без Дембеле уште неколку недели…,


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Крилниот фудбалер на Барселона, Осман Дембеле го повреди коленото и ќе паузира неколку недели.

Според информациите од Каталонија, Дембеле ќе го пропушти финалето од Купот на Кралевите против Валенсија на 25. мај, а требаше да се врати најдоцна за четири недели.

Исто така, ќе го пропушти и реваншот со Ливерпул кој следува, но би требало да се врати за финалето во Лигата на шампионите доколку се најде Барселона таму, а на добар пат е бидејќи во првиот меч од полуфиналето славеше против Ливерпул со 3:0.

За потсетување, Дембеле е повреден пред почетокот на саботниот меч помеѓу Селта и Барселона.

Дембеле не е еден од клучните играчи на каталонскиот гигант, но добива често шанса од клупата и секако тренерот Ернесто Валверде со задоволство сака да го има во своите комбинации.