Дизајнот на гостинскиот дрес на Реал Мадрид ги воодушеви навивачите (ФОТО)

Клубовите ширум Европа полека ги претставуваат новите дресови во кои ќе играат наредната сезона.

Многу екипи веќе ги претставија домашните гарнитури на дресови во кои ќе ги гледаме идната сезона, а сега на ред стигнаа гостинските дресови на „кралевите“.

Порталот „Фути Хедлајнс“ успеа повторно да го открие дизајнот на гостинскиот дрес на Реал Мадрид.

„Кралевите“ направија голема промена, а очигледно нивните гостински дресови им се допаѓаат на навивачите.

На нив доминира темно-сината боја, односно златна боја на која ќе бидат испишани имињата на фудбалерите, броевите, грбот и името на спонзорот.

Дресот ги воодушеви навивачите на Реал Мадрид, но уште нема официјална потврда за истиот.