Гвардиола после натпреварот искоментира: Знам дека сите вие сакате Ливерпул да биде првак


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гардиола даде интересна изјава после вчерашниот натпревар и победа на неговиот тим против Лестер на домашен терен со резултат од 1:0.

Со тој триумф, Граѓаните речиси ја осигураа титулата за првак на Англија бидејќи на само едно коло пред крајот на првенството ја задржаа предноста од еден бод во однос со Ливерпул.

После натпреварот Гардиола на присутните новинари им порача дека е свесен дека сите би сакале Ливерпул да биде првакот на Англија.

„Знам дека сите посакувате Ливерпул да биде првак. Ете, жал ми е што се е во наши раце. Ливерпул во последното коло може да игра без притисок бидејќи не одлучува сам за себе“, рече Пеп и продолжи да го коментира последниот меч во гости против Брајтон.

„Ќе биде многу тешко во Брајтон бидејќи тие се многу добар тим, но ние не се откажавме кога имавме 7 бодови помалку, па нема да се откажеме ни сега. Против Лестер игравме неверојатно. Неверојатно! Жалам, но бевме многу добри!“, додаде шпанецот.

Сити има прилика да ја брани титулата за првак на Англија и по шести пат во својата историја да ја освои англиската лига. Натпреварот против Брајтон е на распоредот во недела од 16:00 часот.