Рабио одби да се пресели во Тотенхем, зашто клубот не бил на негово ниво!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Фудбалерот на ПСЖ, Адриен Рабио во моментов е во немилост на управата на Парижаните, откако не сакаше да го продолжи договорот, а на крајот на сезоната ќе стане слободен фудбалер.

Рабио имаше преговори со многу клубови, но неговите барања беа одбиени од Барселона, Реал Мадрид и Јувентус. Интересно е тоа што Французинот доби понуда од Тотенхем, но тој ја одби затоа што смета дека тој клуб не е на негово ниво.

На крајот, лондонскиот тим се откажа од неговите услуги, а изговорот на Французинот е навистина бизарен бидејќи Тотенхем ќе игра во финалето на Лигата на шампиони, па останува да видиме каде ќе ја продолжи кариерата на лето.