Бејл ќе се „спаси“: Заминува од Реал Мадрид и добива поголема плата!?


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Герет Бејл во претходните шест години освои сè со Реал Мадрид. Сепак, не успеа да го наследи Кристијано Роналдо, откако замина Португалецот во Јувентус, па поради тоа репрезентативецот на Велс доби жестоки критики.

Реал Мадрид повеќе нема да смета на Бејл, а проблем на заинтересираните европски гиганти е неговата плата од 17 милиони евра, па поради тоа Велшанецот ќе си ја бара среќата во Кина.

„Сметам дека најголема можност постои Бејл да замине во Кина. Ако сака да ја задржи големата плта, тогаш мора да замине таму“, вели поранешниот тренер на Тотенхем, Тим Шервуд.

Агентот на Бејл, Џонатан Барнет во претходните денови постојано зборуваше дека фудбалерот е среќен во Мадрид и нема намера да замине.

Сепак, шпански „АС“ пишува дека во моментов се работи на трансфер и се преговара со неколку клубови, а тие се подготвени да платат многу пари за Бејл.

Кинезите се подготвени да му понудат дури 20 милиони евра годишно на Бејл, па „кралевите“ би биле среќни да го продадат искусниот фудбалер за 100 милиони евра.