Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Вест Хем во летниот преоден рок ќе заминат најмалку седум фудбалери кои не ги исполнија очекувањата оваа сезона.
Клубот од Лондон влезе со големи очекувања во новата сезона, но на крајот мораше да се задоволат само со пласман на средината на табелата.
Токму затоа, ова лето ќе следи повторен ремонт на екипата, а за да се донесат нови играчи, Пелегрини најпрво треба да се ослободи од дел од играчите кои ги донесе минатото лето, но и дел од играчите кои се староседелци во клубот.
Така, од Вест Хем ќе си заминат Енди Керол, Јармоленко, Адриан, Чичарито, Лукас Перез, Педро Обианг, Рис Оксфорд,Сем Бирам и Џордан Хугил.
Од клубот веројатно ќе си замине и младиот Деклан Рајс за кого постои интерес од неколку големи тимови, а може да се случи и Марко Арнаутовиќ да го промени дресот, доколку стигне вистинска понуда за неговите услуги.