Манчестер Јунајтед не го ангажирал Де Лихт поради – бизарна причина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ајакс имаше фантастична сезона во Лигата на шампиони, но не успеаа да се пласираат во финале, иако ја воодушевија фудбалската јавност, па голем дел од фудбалерите ќе си заминат по крајот на сезонава.

Матијас де Лихт ќе биде еден од нив, откако стана еден од најпосакуваните дефанзивци во светот, а летово ќе се води голема борба за неговиот потпис, кој е вреден 80 милиони евра.

Се очекува Барселона и Јувентус да ја водат главната битка, додека Манчестер јунајтед нивната трка за Де Лихт ќе ја гледа од страна.

Тие можеле да го ангажираат минатата сезона за многу помалку пари, но испуштиле неверојатна шанса. Скаут на Јунајтед соопштил до управата дека Де Лихт ќе биде како татко му, односно брзо ќе ја загуби брзината.

Раководството му поверувало на скаутот дека Де Лихт ќе има проблеми со вишок на килограми, па не го купила младиот фудбалер, а сега може да видиме колку голема грешка направила со нивниот потег.