Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека Антоан Гризман ќе замине од Атлетико Мадрид наредното лето, иако и лани беше на прагот од заминување од шпанската екипа.
Лани беше на чекор до трансфер во Барселона, но тоа не се случи, а во Атлетико и Барселона се однесуваа како ништо да не се случило.
Сепак, овојпат би можело ситуацијата различно да се заврши.
„Неделава ќе има состанок на кој ќе се реши неговата иднина. Идејата на клубот е да се избегне тоа што се случуваше минатото лето, кога на Гризман му беше потребен повеќе од еден месец да донесе одлука“, пишува „Кадена СЕР“.
Еден од новинарите на медиумот навести и дека во Атлетико веќе се свесни за тоа.
„Договор постои меѓу двете страни, а Атлетико знае дека ќе остане без Гризман“, пишува новинарот Ману Карењо.