Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман објави дека го напушта шпанскиот клуб, а на тоа реагираше бурно навивачката група Френте Атлетико.
Оваа група ја сочинуваат најжестоките навивачи на клубот, опасни хулигани кои беа избришани од членството и до неодамна им беше забранет влез на стадионот.
Членовите на Френте пред пет години пред „Винсенте Калдерон“ елиминираа навивач на Депортиво, откако го претепале и фрлиле во река.
Френте му порача на Гризман дека не е добродојден во клубот. Откако Французинот објави порака дека си заминува по пет години поминати во тимот, Фрете му одговори преку Твитер.
„Се надеваме дека нема да одиграш ниту минута повеќе во дресот на Атлетико Мадрид“, а по пораката го означија тренерот Диего Симеоне.
Esperamos que no juegue ni un minuto más con la camiseta del Atlético de Madrid @Simeone. ? https://t.co/6rDE85OfaS
— Frente Atlético (@FA82Oficial) May 14, 2019