„Марка“ откри каде ќе ја продолжи кариерата Де Лихт


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанска „Марка“ пишува дека Барселона е на чекор до потпис со капитенот на Ајакс, Матијас де Лихт и дека не треба да се очекува 19-годишниот фудбалер да се пресели во Барселона пред почетокот на наредната сезона.

Освен тоа што е еден од најзаслужните фудбалери за феноменалната сезона на Ајакс во која стигна до полуфинале во Лигата на шампиони, кадешто испаднаа во последна секунда од Тотенхем. Де Лихт зема двојна круна во Холандија, кадешто Ајакс го освои Купот и првенството.

Според шпанскиот медиум, двете страни се договориле околу платата, но остана една пречка за да се реализира трансферот.

Статусот на менаџерот на Де Лихт, Мино Рајола е замрзнат, зашто беше суспендиран до август поради непознати причини и трансферот би можел да се реализира дури по завршувањето на казната.