Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот тренер Маурицио Сари нема добар однос со раководството на Челси, па тие наводно се подготвени да го отпуштат на крајот на сезоната.
Меѓутоа, италијанските медиуми пишуваат дека Сари нема да чека долго за нова работа доколку замине од Лондон, зашто веќе имал контакт со Милан.
Извршниот директор на клубот Иван Газидис заминал во Лондон, па во наредните часови ќе има преговори со Сари и ќе му понуди договор.
„Спорт Медијасет“ пишува дека стратегот ќе добие тригодишен договор вреден три милиони евра по сезона и така се надеваат дека ќе го натераат да се врати во Италија.
Сари со години успешно го предводеше Наполи, па беше блиску да му ја украде титулата на Јувентус, но на крајот не успеа во својата намера.