Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џанлуиџи Донарума повторно се поврзува со заминување од редовите на Милан.
Газета дело Спорт утринава објави дека Росонерите ова лето се подготвени да го продадат 20-годишниот голман кој со 16 години застана меѓу стативите на овој великан.
Константно Донарума се поврзуваше со заминување од клубот. Поради менаџерот Мино Раиола беше на удар на навивачите, а дури го погодуваа со новчаници на еден натпревар.
Меѓутоа, по се Џиџи одлучи да го продолжи договорот. Тоа ниту Раиола не можеше да го спречи, а ова лето на крајот сепак во финишот на преодниот рок би можел да го продаде.
Раиола е под суспензија до почетокот на август. Сепак, ќе има доволно време да ја заврши работата, па Донарума на крајот би можел да го напушти Милан.
Тој како што се наведува, не сака. Сепак, клубот е под истрага од УЕФА поради ФФП и многу е можно едноставно да мораат да го продадат.
Донарума е достапен за 50 милиони евра. Тимот кој е подготвен да ја исплати оваа сума и на младиот голман да му понуди плата од 6 милиони евра по сезона, ќе може да обезбеди потпис, а заинтересирани страни има и тоа како.
Најмногу Донарума се поврзува со ПСЖ. Парижаните меѓутоа целат најмногу на Давид Де Геа, но тоа на Џиџи му го отвора патот кон „Олд Трафорд“, бидејќи и порано се поврзуваше со „Црвените ѓаволи“.
Интересно, трансфер летото е пред нас и останува да видиме како тоа ќе заврши за овој чувар на мрежата.