Ибрахимовиќ „давеше“ голман во МЛС, па доби суспензија! (ВИДЕО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ е казнет со два натпревари неиграње поради инцидентот со голманот на Њујорк Сити, Шон Џонсон.

Швеѓанецот во 86. минута од мечот во МЛС-лигата го фати за врат голманот на Њујорк, а судијата им покажа само жолти картони на двајцата „актери“ во инцидентот.

Сепак, дисциплинската комисија не му го прости тој потег на Ибрахимовиќ, па смета дека тоа е „насилно однесување“ и реши да го казни Ибрахимовиќ, кој ќе биде и парично „олеснет“, но засега не се открива сумата, која треба да ја плати.

Галакси е трет на Западот со 22 бодови, осум помалку од првопласираниот Лос Анџелес ФК, а искусниот Ибрахимовиќ досега постигна девет голови во десет натпревари.