Ниту Алегри, ниту Лампард: Сари ќе го замени – жена?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште не е позната иднината на Маурицио Сари во Челси. Италијанеот успеа да го постигне тоа што го побара управата од него и да обезбеди Лига на шампиони, но очигледно тие не се задоволни со дел од резултатите.

Управата смета дека премногу рано испаднале од трката за титулата во Премиерлигата, а болни се поразите од 0-4 против Борнмут и 0-6 против Манчестер сити.

Постојат многу потенцијални кандидати за тренерската позиција во Челси, а се споменуваа имињата на Масимилијано Алегри и Френк Лампард, но очигледно такво нешто нема да се случи.

Во медиумите се појави уште една интересна опција, односно станува збор за Ема Хејс, тренер на женскиот тим на Челси, кој го освои третото место во женската Суперлига, а беа и полуфиналисти во Лигата на шампиони.

„Без разлика дали јас или некој друг, тоа ќе се случи еден ден. Ако е вистнски клуб, тоа би го олеснило преодниот период. Управата треба да биде поагресивна со размислувањата. За мене тоа е борба да ја отвориме вратата за жените во фубдалот“, вели Хејс.