„Де Лихт има скромна плата и е капитен, а Лингард зема богатство за да седи на Инстаграм“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед сезонава повторно ги разочара навивачите, а на крајот гигантот не успеа да избори ниту пласман во Лигата на шампиони.

„Црвените ѓаволи“ завршија на шестото место во Премиерлигата, па и наредната сезона ќе ги гледаме во Лига Европа.

Јасно им е на сите дека Јунајтед мора да прави промени, а легендата на клубот Рој Кин имаше жесток коментар за дел од фудбалерите на „ѓаволите“.

„Погледнете го Матијас де Лихт. Тој на само 19 години е капитен на Ајакс и има многу скромна плата. Во меѓувреме Рашфорд постигнува десет голови по сезона и не може да направи ништо посебно, а Лингард добива 120.000 фунти за да работи на Инстаграм“, згрме Кин.