Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скај Спортс“ вчера објави дека Матијас де Лихт донел конечна одлука да го напушти Ајакс на крајот на сезоната и да потпише за Барселона.
Де Лихт е мета на многу европски гиганти, по одличните настапи за клубот од Амстердам. Овој 19-годишен фудбалер сезонава освои двојна титула со својот тим и ја доби капитенската лента.
Покрај интересот на Барселона, за 19-годишното момче интерес покажаа и Манчестер јунајтед, Јувентус, Баерн Минхен, ПСЖ и Манчестер сити, но тие се откажале од него.
Новинарот Гилјем Балаге објави утрово дека англиските клубови се повлекле од преговорите со Де Лихт, зашто знаат дека младиот фудбалер ќе се пресели во Барселона.
„Тимовите од Англија се повлекоа од преговорите со Де Лихт, откако стана јасно дека фудбалерот се договорил со Барселона“, соопшти новинарот.