Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Академија Пандев се новите освојувачи на Купот на Македонија откако во финалето по пенал рулетот беа подобри од Македонија Ѓорче Петров.
Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник, 2:2, додека во продолженијата не видовме погодок, по што победникот мораше да биде добиен низ изведување пенали.
Инаку, во сите 90 минути видовме еден допадлив, динамичен фудбал на двете страни. Први до водство дојдоа струмичани кои поведоа со феноменалниот погодок на Сашко Пандев.
На 1:1 израмни Робсон Да Силва со одличен погодок од слободен удар. Со овој резултат се замина на полувреме.
Во финишот на натпреварот дел блиц криг на двете екипи. Во 84. минута Тантуровски донесе водство за Македонија Ѓорче Петров, но веќе во следниот напад Академија Пандев стигна до израмнување со голот на Љупче Дориев кој беше прецизен од белата точка.
Во пенал рулетот клубот од Струмица беше подобар со 4:2 благодарение на одличниот голман Чубраковиќ кој ги скроти ударите на стрелците на головите од регуларниот дел, Робсон Да Силва и Дејан Тантуровски.