Голманот на Партизан за малку ќе му скршеше глава на Пантиќ (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Партизан го освои трофејот во српскиот Куп, откако во големото финале славеше против вечниот ривал Црвена Звезда со 1-0.

По мечот следувашеголема прослава на црно-белите, па фудбалерите на Партизан беа пресреќни, а меѓу највеселите беше капитенот на тимот – искусниот голман Владимир Стојковиќ.

Стојковиќ при прославата беше невнмателен, па за малку не му ја скрши главата на својот соиграч Данило Пантиќ.

Додека скокаше Стојковиќ со пехарот во своите раце, го удри Пантиќ во глава и му ја расече главата, но за среќа повредата не беше посериозна.

„Дали ме исече? Да… Нема врска“, кажа Пантиќ.

Да потсетиме, Црвена Звезда ја освои титулата во српскиот шампионат, додека Партизан заврши на трето место.