Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Леброн Џејмс сака да направи тим од соништата во Лос Анџелес лејкерс, а неговите планови се ептен амбициозни.
Леброн вечерал со Расел Вестбрук и Ентони Дејвис, првиот ќе биде тешко да го ангажираат, а другиот и понатаму има желба да заигра во Лејкерс.
Но, тоа не е сè. „ЕСПН“ пишува дека Леброн бил во контакт и со Кави Ленард, кој игра фантастично за Торонто репторс, но сака да си замине од Канада, односно да се врати на западот на Америка, а слично размислува и Џими Батлер, кој е незадоволен во Филаделфија.
На листата се наоѓаат уште и Кајри Ирвинг, кој размислува за заминување од Бостон селтикс, но и Кемба Вокер, кој добива само по 12 милиони евра по сезона.
Секако, не може сите да пристигнат во Лејкерс, но со Дејвис и уште една голема ѕвезда, на пример Ленард, како и дел од младите и талентирани кошаркари, клубот од Лос Анџелес би можел да стнае еден од кандидатите за титулата.