Маестрален погодок во стилот на Бекам: Шутна од половина терен и го совлада голманот (ВИДЕО)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фантастичен гол беше постигнат на мечот од шпанската втора лига меѓу екипите на Спортинг и Албасете, па сигурно ќе биде во конкуренција за еден од најдобрите погодоци сезонава во лигата.

Албасете славеше на крајот со 2-0, а мечот ќе се памети по спектакуларниот удар на Хави Акуња од Парагвај.

Во 58. минута од мечот фудбалерот од Парагвај реши да си ја проба среќата, па од половина терен испрати силен удар кон противничкиот гол и на спектакуларен начин ја затресе мрежата.


Овој гол многу љубители на фудбалот ги потсети на легендарниот погодок на Дејвид Бекам додека уште настапуваше во дресот на Манчестер јунајтед.