Барселона или Манчестер Јунајтед? Де Лигт го прекина молкот и ги откри своите планови за својата иднина

Холанѓанецот во центарот на вниманието.

Младиот холандски дефанзивец Матијас Де Лигт се наоѓа на мета на многубројните шпекулации во последно време кои кружат за него и тој на крајот од сезоната ќе го напушти Ајакс.

Де Лигт ги воодушеви сите со своите игри во дресот на холандскиот клуб со кој ја освои дуплата круна и беше на чекор од пласман во финалето на Лигата на Шампионите.

Неговите игри привлекоа голем интерес на многубројни европски великани, а Де Лигт во последно време најчесто се поврзува со Барселона и Манчестер Јунајтед.

И покрај тоа што имаше приказни дека овој 19 годишен фудбалер ќе оди во Барселона тоа сега се промени и се појавија шпекулациии дека донел одлука во врска со својата кариера која планира да ја продолжи со клубот од Олд Трафорд.

Де Лигт моментално е на припреми со репрезентацијата на Холандија, но и покрај тоа тој одлучи да проговори околу својата иднина и така колку-толку да открие како стојат работите.

„Каде се гледам себеси? Па, Премиер лигата е голем предизвик, но исто така е и Шпанија. Сепак, има многу лиги и не е се околу тие две. Сеуште незнам ништо точно околу мојата иднина, но постојат некои планови. Ќе видиме како ќе одат работите“, рече Де Лигт и додаде:

„Секако дека постои голем интерес од многу клубови, но моментално не би сакал да дискутирам околу нивните имиња. Ќе видиме што ќе биде. Сега сум фокусиран на националниот тим и наскоро ќе знаеме што ќе ни донесе иднината. Тоа се некои планови кои ги имаме.“