Пандев по опстанокот на Џенова во Серија А: Му благодарам на Интер!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фудбалерот на Џенова, Горан Пандев се заблагодари на својот поранешен клуб Интер, кој директно помогна на Џенова за опстанок во италијанската Серија А.

Џенова одигра нерешено против Фиорентина во последното коло (0-0), а голема услуга им направи Интер, кој го совлада нивниот директен ривал Емполи со 2-1.

Емполи така се пресели во Серија Б, а Интер обезбеди пласман во Лигат ана шампиони, а Џенова остана во елитата.

„Заслуживме опстанок. Зад нас е тешка сезона, но успеавме да ја оствариме целта. Му благодарам на Интер, што го победи Емполи. Им посакувам само најдобро во Лигата на шампиони“, кажа Пандев.

Да потсетиме, македонскиот капитен настапуваше во Интер од 2009 до 2012 година.