Алегри најави пауза: Ако има добра понуда, ќе работам, а ако не – ќе одмарам!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијанскиот фудбалски тренер Масимилијано Алегри кажа дека не се брза со нов ангажман, а исто така не ја исклучи можноста да направи едногодишна пауза по заминувањето од клупата на Јувентус.

Алегри во неделата последен пат го водеше шампионскиот тим на Јувентус во поразот од Сампдорија со 0-2, па досега освои пет титули со екипата и двапати играше во финале.

„Кога ќе имам можност, ќе се вратам на клупата. Во спротивно ќе земам една година одмор. Ако имам шанса, ќе го изберам тимот кој ми се допаѓа. Конкретни понуди нема, па бесмислено е да се зборува за иднината“, кажа Алегри.

Медиумите шпекулираат дека наследник на Алегри во Јувентус ќе биде Маурицио Сари од Челси.

„Кој ќе дојде, ќе најде тим помоќен од останатите. Постојат 90% шанса повторно да ја освојат титулата во Серија А“, порача Алегри.