Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Три клуба од Премиер лигата се интересираат за Алан Сент Максимин, фудбалер кој одигра одлична сезона во дресот на Ница оваа година.
22 годишниот фудбалер со своите игри го привлече вниманието на Милан и Арсенал кои се во жестока борба за неговиот потпис, но сега медиумите пренесуваат дека уште три тима се приклучиле во битката за неговиот потпис.
Имено, Евертон, Кристал Палас и Њукасл сериозно го посакуваат овој играч во своите редови и се подготвени, верувале или не, да му понудат подобри услови и од Арсенал и од Милан со цел да го убедат да пристигне во нивниот тим.
Се верува дека Њукасл ја има предноста од сите три клуба, а Евертон доколку го продаде Ричарлисон ќе тргне со сите сили по услугите на Сент Максим.