Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанска „Марка“ пренесува дека многубројни европски гиганти ја следат ситуацијата околу фудбалерот на Реал Бетис, Џовани Ло Целсо.
За аргентинскиот фудбалер кој одигра одлична сезона во дресот на Бетис има интерес од тимовите на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Тотенхем, а наводно и ПСЖ е заинтересиран да го врати во своите редови само една сезона откако го пушти да си замине од клубот.
23 годишниот фудбалер минатата сезона дојде како позајмен фудбалер во Бетис од редовите на ПСЖ, а неговиот договор стана перманентен, а клубот од Шпанија ќе треба да плати 22 милиони евра за комплетирање на трансферот.
Клубовите кои се заинтересирани доколку го сакаат во своите редови ќе мора да издвојат околу 60 милиони евра.