Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси се подготвуваше за финалето во Лига Европа, а вчера се случи инцидент по кој тренерот Маурицио Сари го напушти тренингот на „сините“.
Само еден ден пред финалето Сари целосно бесен го напушти тренингот, па на пат кон соблекувалната го шутираше своето капче.
Наводно, Сари бил лут поради караницата меѓу Давид Луиз и Гонзало Игуаин, а сега се појави и снимка од инцидентот, кој покажува што се случило.
Во текот на тренингот на стадионот во Баку, Луиз го удри Игуаин со лакт во лицето, а потоа следуваше расправија меѓу фудбалерите.
Потоа Сари имаше нешто да му каже на Луиз, а подоцна излезе бесен од теренот.
A little blue a day before the #EuropaLeague final.
Was this the moment that led to Higuain and Sarri exiting the Chelsea training session early?#Sarri #Higuain #CHEARS #OptusSport pic.twitter.com/YFfukoNI8z
— Optus Sport (@OptusSport) May 28, 2019