Пред Милан е тежок период: „Росонерите“ продаваат еден од своите бисери!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Раководството на Милан поради финансиска стабилност најверојатно ќе мора да го продаде својот 20-годишен голман Џанлуиџи Донарума.

Тоа стана јасно по изјавата на извршниот директор на клубот Иван Газидис, кој кажа дека мора да се гледа во иднината низ финансиската стабилност.

„Милан мора да гледа во иднината и да ја обезбеди финансиската стабилност“, кажа Газидис.

Платата на Донарума е превисока за „росонерите“, па шест милиони по сезона го дестабилизираат буџетот и поради тоа младиот Италијанец ќе го напушти „Сан Сиро“, а досега интерес за него покажаа Манчестер јунајтед и Арсенал.

Исто така клубот ќе го напуштат Рикардо Монтоливо, Игнацио Абата, Кристијан Запата, Антонио Донарума, Андреа Бертолачи и Хозе Маури, па Милан ќе заштеди 20 милиони евра на плати.