Потврдено уште едно заминување од Арсеанл


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По Петр Чех за кого беше јасно дека ќе си замине и ќе ја заврши својата кариера, од Арсенал стигна уште една потврда дека фудбалер на тимот нема да го носи нивниот дрес следната сезона.

Станува збор за искусниот 35 годишен дефанзивец, Стефан Лихштајнер кој пристигна на „Емирати“ минатата сезона како слободен агент.

Швајцарецот одигра на 14 натпревари во Премиер лигата, вкупно 23 во дресот на Арсенал во сите натпреварувања и немаше баш блескави партии во дресот на овој клуб.

Заминувањето го потврди и самиот играч кој преку социјалната мрежа Инстаграм се прости со фановите на „топчиите“.