Конте не се шегува: Побара од управата на Интер да му доведат ѕвезда на Реал

Италијанскиот стручњак откако стана тренер на Интер веднаш тргна во потрага по засилувања, па така со Интер веќе некое време се поврзуваат Един Џеко, Ромелу Лукаку, Алваро Мората, Федерико Киеса и многу други играчи.

Конте сака да имаат силен тим за наредната сезона, а како што е објавено во шпанската емисија за спорт El Chiringuito, Герет Бејл е името кое се појави како потенцијално засилување на Интер.

Тој веќе одамна е на мета на навивачите на Реал, а и тренерот Зидан не смета на него повеќе, па Велшанецот е на излезните врати на клубот од Мадрид.

Во емисијата се наведува дека Конте го замолил директорот на Интер, Марота и спортскиот директор да го доведат Бејл во Интер.

Се очекува управата на Нероаѕурите да доведат големо засилување со цел Интер да се вклучи во трка за Скудето-то, но и остварување добар резултат во Лигата на Шампионите.