Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После првото освојување на Лигата на Шампионите во кариерата, германскиот стручњак Јирген Клоп во Ливерпул ќе доведе засилување вредно 70 милиони фунти, барем така пренесува француски L’Equipe.
Добро упатениот извор тврди дека договорот помеѓу Ливерпул и Лил за трансфер на напаѓачот Николас Пепе е многу близу и дена наскоро се ќе биде завршено.
Редсите за него ќе одвојат дури 70 милиони фунти и би требало да биде втор најскап трансфер во клубот. Секако, прв е Ван Дијк кој беше платен 76 милиони фунти, додека моментално втор е Алисон Бекер, за кој беа одвоени 20 милиони помалку.
Инаку, кога говориме за Пепе, се работи за репрезентативец на Брегот на слоновата коска кој имаше сезона од соништата во Лил. На 38 натпревари во Лига 1 постигна 22 голови и додаде 11 асистенции.