Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Македонија до 17 години ќе одигра два пријателски натпревари во Остерсунд против Шведска.
Пријателските натпревари ќе се одиграат на 30-ти август и 1-ви септември. Селекторот Добринко Илиевски ги повика следните фудбалери:
Голмани: Мите Секулов (Капри, Италија), Малик Зибери (Вардар)
Одбрана: Филип Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Филип Антовски (Вардар), Анѓел Страторски (Горица, Словенија), Никола Спасов (Академија Пандев), Виктор Ризанковски (Пелистер), Стефан Симоновски ( Работнички)
Среден Ред: Филип Стојаноски (Вардар), Марио Наумоски (Победа), Енис Фазлагиќ (Шкендија), Лука Трајкоски (Победа), Стефан Колески (Работнички), Стефан Наумчевски (Металург)
Напад: Саит Битиќи (Вардар), Дарко Чурлинов (Магдебург), Амел Рустемовски (Грасхоперс, Швајцарија), Бојан Колески (Металург), Емир Скендери (Академија Пандев)
„Влегуваме во последната фаза од подготовките за важните квалификациски натпревари од турнирот во Италија во октомври. Шведска е силна репрезентација и за нас ќе биде вистински предизвик. Одиме да се надигруваме и ќе се стремиме кон позитивен резултат. Оваа репрезентација и минатата година покажа дека може да се носи со квалитетни противници и не гледам причина да не биде така и на дуелите во Остерсунд“, изјави селекторот на репрезентацијата Добринко Илиевски.