Нападнатата девојка остана без адвокат: Нејмар беше дрогиран и опасен е за луѓето околу себе!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар се наоѓа во центар на внимание, откако манекенката Наџил Тринидаде го обвини за силување.

Нејмар по обвинувањата реши да објави приватни пораки со атрактивната девојка, но таа сега го „прогонува“ Бразилецот на суд, но засега нема среќа со адвокатите.

Адвокатот кој ја застапуваше се откажа од случајот, а нивниот разговор беше објавен во бразилските медиуми. Тој се обидел да објасни како функционира системот, но тоа не ја интересирало.

„Дали требаше да одам на доктор на преглед? Па, мислев дека нема жива да се вратам дома. сакав да откријам уште во Бразил, но се плашев. Нејмар е луд. Ме тепаше и ми го фотографираше задникот на кој се гледаат модринки. Најверојатно да им се пофали на пријателите. Тој мора да оди во затвор, зашто е насилник и е закана за сите околу себе“, порача Тринидаде.