Манчестер Јунајтед има нова изненадувачка трансфер мета


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер има нов метод кога во прашање е носењето нови фудбалери во редовите на Манчестер Јунајтед.

Норвежанецот внимателно селектира екстра талентирани фудбалери од Островот кои знаат што значи да се носи дресот на Манчестер Јунајтед.

Доколку не успее да го ангажира Арон Ван Бисака, од Манчестер Јунајтед ќе се насочат кон фудбалерот на Норвич, Макс Аронс. 19 годишниот Аронс одигра одлична сезона во која беше избран за најдобар млад фудбалер во Чемпионшип и беше вметнат во тимот на сезоната откако му помогна на својот тим да се пласира во Премиер лигата.

Интересно е што за Аронс е заинтересиран и Кристал Палас, но клубот од Лондон би тргнал по неговите услуги само ако го загуби Ван Бисака.