Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед летово бара замена за Антонио Валенсија, кој по десет години заминува од „Олд Трафорд“, па така ќе остане празно местото на десен бек.
Овој 33-годишен фудбалер објави фотографиј од трибината на Сер Алекс Фергусон со наслов „Благодарам“, а со тоа јасно покажа дека го напушта клубот.
Неговото заминување ќе остави дупка во екипата, па тренерот Оле Гунар Солскјер бара фудбалер, кој достојно ќе го замени Валенсија.
На листата со желби на Солскјер се наоѓа фудбалерот на Кристал Палас, Ван-Бисака, кој зад себе има одлична сезона и привлече големо внимание од многу клубови.
Тие испратиле понуда од 45 милиони евра, но таа била одбиена, зашто Кристал Палас бара 20 милиони евра повеќе.
Доколку не успеат да го реализираат тој трансфер, тогаш Јунајтед ќе се насочи кон Макс Арон, кој беше прогласен за најдобар млад фудбалер во Чемпионшип-лигата.