Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓
Претседателот и тренер на Динамо од Врање, Драган Антиќ претепал еден од своите фудбалери поради неговиот лош настап.
Овој инцидент се случил на 11 мај годинава кога играле Динамо и Спартак, а во центар на внимание биле тренерите Драган Антиќ и фудбалерот Лука Ратковиќ. Синдикатот на професионални фудбалери открил што се случувало на мечот.
Антиќ на полувреме на мечот му се приближил на Ратковиќ и почнал со рацете да го удира по глава, а сите фудбалери биле сведоци на ова. Тој, наводно, бил незадоволен поради настапот на фудбалерот.
Ратковиќ се пријавил во болница поради ударите кои ги добил, како и шокот поради однесувањето на неговиот тренер.
Случајот е пријавен и во Фудбалскиот сојуз на Србија и се очекува Антиќ да биде жесотко казнет.