„Рома ме тераше да играм, а јас не можев ниту да одам…“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Младиот хрватски фудбалер Силвио Аночиќ поминал вистински хорор во Рома поради непрофесионалноста на докторите.

Аночиќ, кој настапува во Рома, се плашеше дека нема да може да ја продолжи кариерата, но неговите проблеми за пет дена ги реши докторска екипа во Загреб.

„Бев на доктор во Џенова и тие ми рекоа дека нема да можам да играм неколку месеци. Тогашниот доктор на Рома кажа дека не гледа никаков проблем и дека можам да тренирам. Но јас чувствував болки, кои беа многу силни. Не ме пуштија да одам кај друг доктор во Хрватска. Сепак, јас не ги послушав и решив да го повикам докторот Капулица. Тренирав еден месец, па престанаа болките“, вели Аночиќ.