Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид најверојатно сепак ќе биде активен во финишот на преодниот рок.
Ценетата “Марка“ открива дека цел на Кралевите е никој друг туку одличниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг.
Габонецот во претходната сезона одгира навистина фантастично, беше најдобар играч на Милионерите и сега може да го напушти Дортмунд.
Реал инаку во ова лето го врати Алваро Мората за 30 милиони евра, но Зинедин Зидан сака уште еден брзоног напаѓач.
Изборот очигледно падна на одличниот ловец од Бундеслигата, само е прашање како Борусија ќе реагира.
Споменатиот весник наведува дека Обамејанг има голема желба да го облече дресот на Реал, најмногу поради дедо му на кој му ветил дека еден ден тоа и ќе го направи.
Остамува уште само неколку дена до крајот на преодниот рок, многу во Шпанија очекуваат Реал Мадрид да направи голем трансфер.